Top Sport

Белјерин поканет да говори на Оксфорд!

Шпанскиот дефанзивец на Арсенал, Ектор Белјерин е поканет да зборува на престижниот дебатен клуб на Оксфорд, каде што на 5 февруари ќе учествува со говор за тоа што е потребно да се стане елитен фудбалер и дел од 1 проценти од спортската елита.

22-годишниот Белјерин, кој има диплома по маркетинг и има интереси во бизнисот, модата (како што се виде неодамна) и филантропијата, неодамна донираше 50 фунти за секоја инута која играше на ЕП под 21 година за жртвите од пожарот во кулата „Гренфел“ во Лондон.

Белјерин ќе биде првиот фудбалер на Арсенал кој одржал предавање на Оксфорд, но нема да биде последниот, бидејќи Месут Озил е поканет да говори на 20 февруари.

Претходни спортски гости на Оксфорд беа Диего Марадона, Едвин ван дер Сар, Џеф Херст и крикет-ѕвездата Брајан Лара.

Белјерин има „висок стил“ или воопшто нема вкус?

Scroll to Top