Top Sport

Белјерин станал веган по совет на боксерот Дејвид Хеј

Дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белјерин вели дека еден разговор со поранешниот шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј му помогнал во одлуката да стане веган за да ја достигне својата отпимална физичка подготвеност.

23-годишниот шпански дефанзивец вели дека веганската исхрана со која почнал пред 12 месеци по совет на Хеј му помогнала екстремно.

„Сфатив дека како што стареам јадам поздраво и поздраво и едноставно не ми е потребно месо. Научив многу за тоа во разговор со други спортисти како Дејвид Хеј и решив да го направам тој чекор. Првата цел беше да се обидам две-три недели, но разликата која ја почувствував беше огромна и решив да продолжам. Опоравувањето по натпреварите сега е многу побргу. Зошто би менувал кога нешто функционира совршено?“, вели Белјерин.

Хеј, кој неодамна се повлече од боксерскиот ринг, во финишот на својата 16-годишна кариера како боксер стана прво вегетаријанец, а потоа и веган.

Scroll to Top