Иднината на ветеранот Хатем Бен Арфа во тимот на Лил е неизвесна по јавниот конфликт со тренерот и претседателот на клубот, нарекувајќи ги „извртени“ по инцидентот минатиот викенд.
Напаѓачот, кој е во Лил на шестмесечен договор, се однесувал „неприфатливо“ по 0:0 ремито со фенерџијата Бордо, изјави тренерот Жослин Гурвенек по мечот.
„Имавме инцидент со неприфатливо однесување на фудбалер по крајот наа мечот. За мене е тешко да се прифати, биејќи се работи за фудбалер кој многу сакам. Претседателот на клубот им правило: ‘Не го допирајте клубот, тимот, тренерот’. Од мојата позиција како тренер, очигледно е дека не смееме да прифатиме такво нешто кое ќе влијае на единството на тимот. Клубот има процедура… Некои извртени работи можат да се случат, тоа не е оправдување да бидеш извртен“, изјави Гувернек на денешната прес-конференција.
На ова Бен Арфа одговори преку Инстаграм.
„Ти зборуваш за извртени работи? Кога ти и твојот претседател сте најизвртени. Вашиот проблем е тоа што се некомпетентни“, напиша Бен Арфа.
La story d'Hatem Ben Arfa sur Instagram ? pic.twitter.com/xaO8xjdW1G
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) April 8, 2022