Top Sport

Бен Једер е пресреќен што е најомразен фудбалер на ФИФА 20

Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер признава дека му се допаѓа што доби репутација на најомразениот фудбалер на видео-играта ФИФА 20.

Бен Једер има вредност на „картичка“ од 97 која ја доби во петокот, и самиот напаѓач се јави на Твитер со коментар.

„Колку скршени џојстици има со овој?“, напиша Бен Једер на Твитер.

29-годишниот Бен Једер имаше одлична прва сезона со Монако, завршувајќи со 18 голови во прекинатата француска Лига 1, израмнет со Килијан Мбапе, иако француската лига контроверзно го прогласи само Мбапе за најдобар стрелец, бидејќи три од головите на Бен Једер биле од пенал.

Scroll to Top