Младиот Алжирец, Исмаел Бенасер е прогласен за најдобар играч на годинешното издание на Африканскиот куп на Нации. Тој со својата репрезентација, синоќа во Каиро, ја освои титулата. Алжир во финалето го победи Сенегал со 1-0.
Алжирците ја освоија втората титула на Африканскиот куп во својата историја, претходно беа најдобри во 1990 година, кога за најдобар играч беше прогласен легендарниот Рабах Маџер.
Бенасер има 22 години и наскоро би требало да потпише договор со Милан. Препорака за трансферот беа две негови одлични сезони што ги одигра во дресот на Емполи.