Top Sport

Бенатија: Не знам дали Алегри е тренер кој ќе донесе ЛШ на Јувентус

Мехди Бенатија вели дека веќе не бил среќен во Јувентус, во прв план бидејќи не е сигурен дека Масимилијано Алегри е „вистинскиот“ тренер кој може да ја донесе толку посакуваната титула од Лигата на шампионите.

Бенатија се пресели во катарскиот клуб Ал-Духаил во јануари откако го загуби местото во стартниот тим на Јуве од Леонардо Бонучи, кој се врати од Милан по сам оедна сезона.

„Кога заминав во Дубаи на одмор во декември, решив дека веќе не сакам да останам во Јуве. Не бев среќен и зборував со моето семејство. Не играв и тоа ме гореше. Сакав да го дадам своето на теренот. Кога Бонучи се врати, Алегри ми кажа дека сака да се фокусира на мене, но тоа не беше така.  Но, не му се лутам“, вели Бенатија во интервју за „Скај спорт Италија“.

Мароканецот беше запрашан дали „бјанконерите“ можат да направат кам-бек против Атлетико Мадрид во ЛШ, откако на гости загубија со 2:0.

„Алегри врши добра работа во Италија и во Лигата на шампионите. Тој го разбира фудбалот, но не сум сигурен дека е вистинскиот кој може да ја освои Европа. Роналдо е машина и неверојатен човек.  Јас сум навивач на Јувентус и се надевам дека дуелот со Атлетико не е завршен и дека можат да ги поминат. Ако стигнат до финалето, ќе си купам билет и ќе бидам таму“, додава 31-годишниот Бенатија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top