Top Sport

Бендтнер доби отказ од Копенхаген, му „виси“ кариерата

Данскиот фудбалер Никлас Бендтнер би можел уште на 31 година да ја заврши фудбалската кариера (наводна ја разгледува таа опција) откако доби отказ од дански ФЦ Копенхаген. Одигра вкупно 6 меча за „лавовите“, па бил известен дека договорот нема да му биде продолжен.

Некогашната голема надеж на Арсенал, на Бирмингем, Сандерленд, Јувентус, Волфсбург, Розенборг е обожуван од навивачите, малку ценет од тренерите, па сега сигурно добро ќе размисли пред да ја донесе следната одлука.

„Лордот“ отсекогаш повеќе го сакал „животот“ отколку фудбалот, па сигурно поради тоа не успеа да го направи она што од него се очекуваше.

Сепак, има кариера за респект.

Во данската фудбалска селекција играше речиси 14 години. Одигра 81 меч, постигна 30 гола.

Минатата година беше осуден на 50 дена затвор поради напад на таксист, а имаше уште многу гафови во клубовите и градовите каде што се движеше.

Scroll to Top