Беневенто и Рома одиграа 0:0 во последниот денешен меч од 23. коло во италијанската Серија А, иако тимот на Пипо Инзаги речиси цело второ полувреме го одигра со играч помалку.
Со ова, Рома пропушти шанса да се доближи до второпласираниот Милан на табелата и останува на третото место со 44 поени, пет зад Милан и дури девет зад лидерот Интер, но и само поен пред Аталанта и Лацио.
За Беневенто, пак, ова е трето реми во низа, и новиот прволигаш се наоѓа на 15. место на табелата со 25 поени, удобни 10 поени над зоната за испаѓање.