Top Sport

Беневенто и СПАЛ до пред некоја година во Серија А, сега се третолигаши

Беневенто и СПАЛ, двата клуба кои во 2020 година беа во Серија А, вчера и математички испаднаа во Серија Ц, третата италијанска лига на едно коло пред крајот. Перуџа, славниот тим од 1990-тите се блиску да им се приклучат по 3:2 поразот од Венеција.

Беневенто беа во Серија А во 2020/21 и се во сопственост на еден од најбогатите Италијанци, Оресте Вигорито, но сите инвестиции не беа доволни да се опстане во втората лига. СПАЛ, пак, последен пат беа во Серија А во 2019/20, но во 2021 беа преземени од адвокатот на Доналд Трамп, Џо Такопина и по серија тренери (меѓу кои Даниеле де Роси и Масимо Одо), следната година ќе се третолигаши.

Фрозиноне и Џенова веќе се потврдени за нови прволигаши, а познати се и четирите клуба кои ќе играат плејоф за последното место – Бари, Судтирол, Каљари и Парма.

Scroll to Top