Фудбалерите на Беневенто ја запишаа првата победа во Серија А. Последнопласираниот тим на табелата, во рамките на 19.коло, минимално го совлада Киево.
Напаѓачот Масимо Чода во 64.минута го постигна единствениот гол на натпреварот и донесе голема радост на „Чиро Вигорито“ стадионот.
Рома не успеа да го победи Сасуоло пред своите навивачи и направи чекор назад во борбата за шампионската титула. „Волчицата“ имаше водство од 31.минута со голот на Пелегрини, а бод на Сасуоло му обезбеди Мисироли во 78.минута.
Во Торино домаќинот и Џенова одиграа натпревар без постигнат гол. Капитенот на македонската репрезентација Горан пандев го одигра целиот натпревар за Џенова.
Удинезе ја потврди добрата форма со триумфот во Болоња. Данило постигна авто гол за предност на Болоња, а потоа Видмер и Ласања направија целосен пресврт.
Идентична победа 1:2 како Удинезе забележа Каљари во Бергамо против Аталанта.
Сампдорија во инфаркт завршница ги освои бодовите против СПАЛ. Кваљареал ги постигна головите за триумф на Сампдорија 2:0 во 91 и 94.минута.