Украинскиот репрезентативец Роман Јаремчук во 16. минута им донесе водство на Бенфика од 1:0 против Динамо Киев, пред Жилберто само седум минути подоцна да зголеми на 2:0, резултат кој дефинитивно значи дека Барселона само со победа кај Баерн Минхен ќе може да се пласира во осминафиналето на ЛШ. На „Алијанц арената“ уште нема голови…
И за вториот шпански претставник во ЛШ, Севилја, сега победата на гости кај Ред бул Салцбург станува неопходна, откако во групата Г, Лил успеа да поведе со 1:0 кај Волфсбург. Со ваков развој на настаните во осминафиналето одат Салцбург и Лил.
ГРУПА Е
Баерн Минхен – Барселона 0:0
Бенфика – Динамо Киев 2:0
Моментална табела: 1.Баерн 16, 2.Бенфика 8, 3.Барселона 8, 4.Динамо К. 1
ГРУПА Г
Ред бул Салцбург – Севилја 0:0
Волфсбург – Лил 0:1
Моментална табела: 1.Лил 11, 2.Салцбург 8, 3.Севилја 7, 4.Волфсбург 5
GOOOL YAREMCHUK ⚽️
Benfica 1 ? 0 Dynamo Kyiv
— Garra Sports (@GarraSportsMx) December 8, 2021
El gol de Gilberto Junior.#Benfica 2-0 #DinamoKiev #UCLpic.twitter.com/HIR3ntJl83
— Bauti (@Bau_Nickk) December 8, 2021