Ливерпул во последните неколку години може да се пофали со навистина импресивна трансфер-политика, носејќи ги Мохамед Салах, Виргил ван Дајк и Алисон Бекер, и иако се работеше за високи суми кои ги дадоа за ѕвездите, тие се исплатеа
Според португалските медиуми следен на листата на „црвените“ е еден од најталентираните фудбалери од оваа земја, 19-годишниот Жоао Феликс од Бенфика. Ливерпул толку го сакаат тинејџерот што понудиле фантастични 70 милиони евра, но португалскиот гигант едноставно кажал НЕ!
На листата на клубови кои се заинтересирани за Феликс, кој може да игра на позиции во средината и во нападот се и Манчестер сити, Монако, Пари Сен-Жермен и Барселона. Феликс има четири гола и една асистенција во девет меча во Примеира.
Претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виеира е фокусиран на тоа да не го пушти Феликс да замине, откако неодамна тој го продолжи договорот со излезна клаузула од 120 милиони евра.