Рафа Бенитез во интервју за „Марка“ проговорил за периодот кога го предводеше Реал Мадрид. Бенитез на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна пред пет години, а но на клупата се задржа само шест месеци. Кога доби отказ пред Реал на табелата беа Атлетико Мадрид и Барселона.
„Во Реал ги донесов Лукас Васкез, Каземиро и Матео Ковачиќ. Двајца од нив се уште се важни играчи за тимот. Не ме дозволија да останам подолго во клубот од некои нивни причини“, рекол Бенитез.
Од тој период е и анегдотата дека тој го учел Кристијано Роналдо као да изведува слободни удари.
„Тоа е лага. Ниту во еден момент не сум го направил тоа. Само еднаш разговаравме за слободните удари, на подготовките во Австралија, Му реков да анализира како ги изведувал слободните удари во Манчестер Јунајтед. Никогаш не сум му кажал како треба да ги изведува“.
Потоа ги коментирал и приказните дека му забранил на лука Модриќ да додава со надворешниот дел од копачката.
„Уште една лага. Никогаш не сум му го кажал тоа. Вистината е дека му кажав дека кога може да одигра едноставно да го направи тоа, а не да додава со надворешна. На тој начин и соиграчот полесно ќе ја прими топката. Сум бил фудбалер, сум додавал со надворешна, но само кога долги топки. Денес е лесно да ширите лаги. Не сакам да си го трошам времето на луѓето кои шират такви лаги“, заклучил Бенитез.