Top Sport

Бенитез сака во Англија, го „откачил“ Наполи?

Шпанскиот тренер Рафа Бенитез вели дека приоритет му е враќање во некој клуб од Премиер лигата, иако италијанските медиуми беа сигурни дека тој е новиот тренер на Наполи.

Поранешниот тренер на Ливерпул, Наполи и Реал Мадрид беше главен кандидат за замена на Џенаро Гатузо, кој наводно ќе добие отказ без разлика на пласманот на крајот на сезоната. Бенитез, пак, поради семејни и фудбалски причини сака во Англија.

„Веќе добив повеќе од една понуда во последните неколку месеци, но или не беше вистинско време или не беше вистински проект. Ми беше потребно време да бидам со моето семејство и да најдам клуб со амбиција, да се бори за титули или да има сериозен проект. Искуството со Челси, Њукасл и Ливерпул беа задоволувачки и затоа приоритет е Премиер лигата. Моето семејство е во Англија, а тоа е најкомплетната лига на светот“, вели Бенитез во интервју за „Марка“.

Scroll to Top