Top Sport

Бент: Тактиката на Мурињо е од некое старо време

Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Дарен Бент влезе во напад на Жозе Мурињо по елиминацијата на Тотенхем од Лига Европа по колапсот против Динамо Загреб, оценувајќи дека неговите фудбалски тактики се застарени и неефикасни во модерната фудбалска ера.

На осмо место во Премиер лигата со многу малку шанси за топ 4 пласман и елиминирани од Лига Европа, единствена надеж за успех на Тотенхем е финалето од Лига купот, каде што се судираат со Манчестер сити.  Критиките кон Мурињо беа зачестени последните денови и Бент се надополни

„Го ангажираа да освои трофеи. Тој не дојде да води проект и да гради тим. Тоа беше Маурисио Почетино! Не велам дека е лош тренер, но неговите тактики се од некое старо време. Кога го отпуштија Почетино знаеја дека тимот е во надолна линија и затоа го донесоа Мурињо – за трофеј. Луѓето ги сметаа Тотенхем и Манчестер јунајтед за фаворити во Лига Европа. Дури и да го освои Лига купот, тоа нема да е доволно“, вели Бент.

Scroll to Top