Уругвајскиот фудбалер од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе паузира од 6 до 8 месеци откако ги скинал лигаментите во коленото при 4:1 поразот од Лестер, зголемувајќи ги проблемите на Антонио Конте, откако капитенот Иго Љорис исто така доби повреда на коленото, Ив Бисума беше на операција на скршена нога, а бекот Рајан Сесењон доби повреда на бутниот мускул.
Бентанкур постигна гол за Тотенхем на „Кинг Пауер“, но потоа беше повлечен од игра во 65. минута со очигледна повреда на коленото.
25-годишниот Бентанкур пристигна во Тотенхем од Јувентус во јануари 2022, по што стана клучен играч во системот со двајца играчи во средниот ред на Конте. Следен меч на Тотнехем е дуелот со Милан во осминафиналето на Лигата на шампиони.