Со гол во 91 минута, Реал Мадрид ги собра планираните 3 бода од денешниот меч против Елче. На крајот на семафорот стоеше 2-1, иако се до 73 минута гостите имаа предност од 0-1, благодарение на голот на Калво од 61 минута.
Бензема по кој знае којпат е спасителот на „Кралевите“.
Французинот најпрво во 73 минута донесе израмнување по ударот со глава во долниот дел од противничкиот гол, а истиот играч, во 91 минута погоди за 2-1 (негов 15-ти гол сезонава) за важни 3 поени на екипата која се уште е во трката за шампионската титула.
Вредно за одбележување, покрај бројот на удари кон голот кој беше во сооднос 17-3 е и влегувањето во игра на Еден Азар во 75 минута, по паузата поради повреда.
Со денешниот триумф Реал се доближи на -5 бода до градскиот ривал Атлетико кој својот меч од ова коло го игра вечерва, со почеток од 21 часот нагости кај Хетафе.