Карим Бензема призна дека размислува да стави крај на својата фудбалска кариера во Лион, клубот каде што започна неговиот фудбалски пат кога имаше само 10 години.
Поранешниот француски репрезентативец е роден во Лион, и има речиси 150 настапи за клубот, помагајќи да освојат четири титули од Лига 1 од 2004 до 2008 година. Реал Мадрид во 2009 година го земаа на „Бернабеу“, и со „кралевите“ тој освои четири титули од ЛШ и две од Ла лига. Со своите 32 години, Бензема признава дека Олимпик останува близок до срцето.
„Да се вратам во Лион? Честопати ме прашуваат за тоа, бидејќи знаат колку сум поврзан со градот и клубот. Но, да се вратам веднаш во Лион не е можно бидејќи сега сум во најдобриот клуб на светот и имам многу работи кои ги очекувам. Но, пред пензија, сигурно. Јас ќе се вратам во Лион, само не знам дали тогаш ќе бидам фудбалер“, вели Бензема.