Top Sport

Бензема го замолкна Ливерпул за 5:2, „Кварадона“ со луда асистенција за Наполи

Наполи е пред голема победа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт за да дојдат на чекор до четврт-финале во Лигата на шампионите, откако Џовани ди Лоренцо во 65. минута ја смести топката зад грбот на Кевин Трап.

Откако во првото полувреме грузискиот „Кварадона“ утна пенал, а Виктор Осимен им донесе водство во финишот на полувремето, Ајнтрахт останаа со играч помалку по црвениот картон за Рандал Коло Муани во 58. минута од мечот. Само седум минути подоцна, Кварацхелија со петица му асистираше на Ди Лоренцо кој донесе 0:2 водство.

На „Енфилд“, пак мизеријата на Ливерпул продолжува, откако Карим Бензема постигна уште еден гол, за Реал Мадрид да поведе со 2:5 во неверојатниот меч.

Scroll to Top