Карим Бензема се огласи на Инстаграм за „аферата оаборување“. Камерите го уловија францускиот играч на почетокот на вториот дел како го советува сонародникот Ферлан Менди да не му додава на Винисиус Жуниор.
„Си прави што сака. Играј на мене. Жими мајка, тој игра против нас“, му вели Бензема на Менди.
Левиот бек Менди, во второто полувреме, навистина ја намали дистрибуцијата на топки кон Винисисус. Менди само три пати одиграл кон младиот Бразилец, додека три пати повеќе топки испратил кон сонародникот Бензема.
Коментарот на Бензема наиде на осуда, особено на социјалните мрежи. Критиките не допреа до него, на Инстаграм, остави кус коментар.
„Досека кучињата лаат, деветката поминува“.