Top Sport

Бензема признава дека детално ја анализирал играта на Роналдо

Карим Бензема открива дека детално ја „студирал“ играта на Кристијано Роналдо кога двајцата беа соиграчи во Реал Мадрид во обид да научи што е можно повеќе од португалската суперѕвезда.

Бензема и Роналдо пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“ истото лето, Французинот од Лион, а Португалецот од Манчестер јунајтед, но додека Роналдо веднаш стана суперѕвезда, на Бензема му беше потребно долго време да го покаже својот талент. Многумина сметаа дека токму поради тоа што му беше соиграч на Роналдо неговиот раст беше „прекратен“, Бензема вели дека учел од својот колега.

„Кога гледав што прави тој, се обидував да се концентрирам на неговото движење, на дриблинзите, на головите, на додавањето, на играта со топка. Анализирав се што правеше тој. Но, невозможно е да се направи истото. Имам уште многу планови во главата. Сакам титули, сакам Лига на шампиони, со репрезентацијата Светското првенство. Тоа е мојот сон“, вели Бензема, кој постигна 27 гола во Ла лига во 2021/22 и неверојатни 15 гола во Лигата на шампионите за Мадрид да стане шампион.

Scroll to Top