Top Sport

Бензема-шоу на „Ноу Камп“ – Реал има 0:3!

Играчите на Барселона очигледно не го послушаа својот тренер Чави Ернандез, кој пред големиот дуел со Реал Мадрид им порача дека претходните победи не „важат ништо“, откако по 50-тина минути игра на „Ноу Камп“, „кралевите“ имаат 0:3 водство, кое ги води во финале на Копа дел реј.

Откако во финишот на првото полувреме, Винисиус Жуниор ја смести топката во мрежата (иако првично голот му беше запишан на Бензема), францускиот напаѓач во 50. минута ја искористи спората реакција на целата одбрана на Каталонците за да стрела за 0:2. Само осум минути подоцна, по фаулот на Френк Кеси над Винисиус Жуниор, беше досуден пенал за гостите, кој ладнокрвно го реализираше Бензема за големи 0:3.

Во првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“, Барса славеше 0:1, што значи дека со ваков резултат Реал патува во финалето против Осасуна.

Scroll to Top