Карим Бензема во интервју за „Л’Екип“ ја повтори желбата соиграчот од репрезентацијата, Килијан Мбапе да му се приклучи во Реал Мадрид, велејќи дека со него во тимот, ќе има „дожд“ од голови за „кралевите“.
„Ми се допаѓа што играм со него во репрезентацијата и секако би сакал да играме во ист клуб. Мислам дека со него во тимот ќе даваме двојно повеќе голови, можеби и тројно! Имаме одлична врска во националниот тим бидејќи добро се познаваме“, вели Бензема.
Французинот исто така зборуваше за четврт-финалната пресметка во ЛШ со Челси, на кои им „должат“ по елиминацијата минатата сезона.
„Нема фаворити. Погледнете ги мечевите со ПСЖ – ние бевме фаворити во првиот меч, но потоа во реваншот ПСЖ беа јасни фаворити. Тоа не значи ништо. Челси се силен тим и одиме во Лондон по добар резултат“, додава Бензема.