Карим Бензема, очекувано, не е меѓу 23.фудбалери што ќе ја претставуваат Франција на Светското првенство во Русија. Поради аферата со поранешниот соиграч Матие Валбуена, францускиот селектор Дидие Дешам, долго време воопшто не смета на неговите услуги.
Статусот што, Бензема често го користи за да го испровоцира селекторот Дешам. Напаѓачот, своето несогласување со селекторот, го покажа и по освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.
Францускиот уметник, Улис, на својот цртеж го прикажува Бензема како со авион и со освоените трофеи во Лигата на шампионите се враќа дома, додека репрезентацијата патува на Светското првенство во Русија.
Очигледно дека пораката што ја испраќа цртежот му се допаднала на Бензема, па тој решил да ја подели на социјалните мрежи.