Top Sport

Бепе Марота веќе не е директор на Јуве

Бепе Марота вели дека веќе не бил „синхронизиран“ со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и дека тоа е главната причина што заминува од позицијата на генерален директор на италијанскиот шампион.

Марота беше еден од креаторите на доминацијата на Јуве во Серија А (седум титули во низа), а минатата недела ја доби наградата за најдобар извршен директор во светскиот фудбал, победувајќи го директорот на Манчестер сити, Феран Соријано и Хозе Анхел Санчез од Реал Мадрид.

„Веќе не бев синхронизиран со претседателот Ањели и ова е разочарувачки ден за мене. Направата е одлучена и моето име веќе не е во бордот на директори“, вели Марота.

Италијанските медиуми, кои признаваат дека ова е шокантна одлука, велат дека се работи за недоразбирање со Ањели, и сега местото на Марота ќе го преземе Фабио Паратичи, сегашниот спортски директор.

Марота не сакаше да објави каде ќе ја продолжи кариерата, но многу веројатно е тој да оди надвор од Италија – Манчестер јунајтед подолго време бараат спортски директор, а опција е и Барселона.

Scroll to Top