Top Sport

Берарди од белата точка ја урна Фиорентина

Сасуоло, со пресврт, славеа во дуеот со Фиорентина 3:1.

Фиорентина, одигра добро прво полувреме, до водство дојдоа со голот на Бонавентура во 31.минута. Во финишот на првиот дел имаа можност да ја зголемат предноста, меѓутоа Катсровили ја погоди стативата.

Во вториот дел Фиорентина, со серија грешки им обезбеди пресврт на играчите на Сасуоло. Голманот Драговски во 59.минута направи пенал, кој го реализираше Беради. Три минути подоцна истиот фудбалер реализираше уште еден пенал.

Берарди со овие два гола дојде до бројката од 101 гол во дресот на Сасуоло. Италијанскиот репрезентативец е првиот играч во историјата на клубот кој успеал да постигне троцифрен број на голови.

Играчите на Фиорентина до крајот на мечот не успеаја да се вратат од шокот, туку им дозволија на противниците да постигнат уште еден гол. Лопез во 75.минута го постави конечниот резултат.

Фиорентина се наоѓа во тешка позиција, има само 30 бодови на 16 место, додека Саусоло се осми со 46 поени.

Scroll to Top