Top Sport

Бербатов: Арсенал се како црвени кобасици

Легендарниот бугарски напаѓач Димитар Бербатов има јасен фаворит во денешното дерби на северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал – својот поранешен клуб Тотенхем, со кого имаше одлични настапи пред да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Иако тогаш контроверзно призна дека не знаел каде доаѓа бидејќи никогаш не слушнал за Тотенхем, по трансферот од Баер Леверкузен, тој со „спарси“ одигра две сезони, освои еден Лига куп и Сер Алекс Фергусон реши да го донесе на „Олд Трафорд.

„Кога јадам црвени кобасици ме потсетуваат на Арсенал, бидејќи тој клуб го изедов многу пати. Навистина уживав да ја тресам мрежата на ’топчиите’ и да се играм со нивната одбрана. Верувам дека овој денешен Тотенхем може да го победи Арсенал, кој неколку години е само просечен тим од Англија“, вели Бербатов.

Scroll to Top