Top Sport

Бербатов: Хаверц треба да остане и да ги одбие Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Димитар Бербатов смета дека новата германска ѕвезда на „фармацевтите“ не треба да се осврнува на ниту една понуда, дури и таа доаѓа од „Сантијаго Бернабеу“.

21-годишниот Хаверц има договор со Леверкузен до 2022 година, но за него се заинтересирани повеќе европски клубови како Реал, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер јунајтед и Челси, а клубот го цени на 80 милиони евра. Бербатов не е изненаден од талентот на плејмејкерот, но не верува дека тој треба да брза.

„Каи Хаверц продолжува да импресионира и да привлекува внимание, вклучувајќи го и на Реал Мадрид. Но, според мене тој не треба да размислува да оди на ’Бернабеу’, бидејќи тоа е тешко место и ако не си ментално подготвен, ќе изгориш. Видете ги Лука Јовиќ и Еден Азар! Тибо Куртоа на почетокот беше распнат, а Герет Бејл уште го свиркаат. Побогу, таму го свиркаа и Кристијано Роналдо. Хаверц е уште многу млад и уште една година во Леверкузен ќе биде добра за неговиот раст“, вели Бербатов.

Scroll to Top