Top Sport

Бербатов: Им кажав е.ете се на Манчестер сити

Димитар Бербатов открива дека на својот агент му порачал да „се е.е“ откако Манчестер сити појавиле интерес да потпишат со него во 2008 година.

Бугарскиот ас дојде од Тотенхем во Манчестер јунајтед во договор во последните минути од преодниот рок во 2008 година за 30 милиони фунти. Истиот тој ден, Манчестер сити беа преземени од сегашните катарски сопственици и го „грабна“ Робињо пред Челси, а исто така се обидоа да го добијат и Бербатов.

Тотенхем тогаш го пријавија Манчестер јунајтед до Фудбалската асоцијација (ФА) поради нелегалните обиди да преговараат со Бербатов и се тврдеше дека Сити даваа 34 милиони фунти за него. Бербатов вели дека не бил блиску до Сити.

„Не мислам дека беше толку тесно. Агентот ми кажа дека постои интерес, но јас му кажав да не споменува никој друг, бидејќи одам во Манчестер јунајтед, поради историјата, поради фудбалерите, поради традицијата, поради сѐ. Тоа беше пред Сити да потпишат со Робињо од Реал Мадрид и агентот ми кажа дека има друг тим за мене, но јас му кажав: ’Е.и се, одиме во Јунајтед’. Тој ми кажа: ’Ама ќе добиеш повеќе пари’. Но, некогаш не се работи за парите. Кога доаѓаш од источна Европа, од мал град, врвот е Манчестер јунајтед“, вели Бербатов.

Scroll to Top