Димитар Бербатов веќе и официјално ја заврши својата фудбалска кариера, но тоа не му пречеше да реагира луто на коментарите дека додека бил фудбалер бил „мрзелив“.
Бугарскиот фудбалер беше познат по својата техничка способност со топката и со „фудбалскиот мозок“ постигнувајќи 94 гола и 40 асистенции во 229 меча во Премиер лигата, но честопати беше под критики за неговата „неактивност“ на теренот и за чудните навики, како пушењето цигари. Тој има интересно објаснување за својот стил на игра.
„Јас бев уметник на теренот. Тоа не го сфатив на почетокот на кариерата, но секогаш знаев дека морам да направам нешто поинаку. Ако ме гледате мене како играм, нема да заспиете или да смените канал. Се работеше можеби за мало движење, мал удар, но топката секогаш правеше тоа што сакам. Тоа беше мојата фудбалска филозофија. Со тие квалитети играв во еден од најголемите клубови на светот. Секако, не можете да играте со 11 уметници на теренот“, вели Бербатов во интервју за „Гол“.
Тој вели дека критиките дека не работел напорно е претерани.
„Тоа најверојатно е бидејќи не играв како Руни или Тевез. Можам да ви покажам шест-седум врвни фудбалери денеска кои трчаат помалку од мене тогаш. Но, луѓето можат да одат и да се е.ат! Тие кои не го разбираат фудбалот секогаш сакаат да изгледаат умни. Нека ги погледнат моите статистики од мечевите – секогаш трчав 10-11 километри“, додава Бербатов.