Top Sport

Бербатов: Никој веќе не се плаши од Манчестер Јунајтед

Прославениот бугарски фудбалер Димитар Бербатов рекол дека противниците повеќе не се плашат од Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ шест години чекаа на титулата во Премиер лигата, последната е освоена во ерата на сер Алекс Фергусон, а како игра тимот прашање е кога тој пост ќе биде прекинат.

„Во моментов ниту еден тим се плаши од Манчестер Јунајтед. Може ли некој да им го забележи тоа? Па тие ја гледаат табелата, гледаат каде се наоѓаат Јунајтед и јасно им е дека имаат можност да освојат три бода на Олд Трафорд“, рекол Бербатов.

Изјавата на Бугаринот доаѓа по мечот со Рочдејл во Лига купот. Против членот на Лига 2, Јунајтед успеаја да се пласираат во осмина-финалето дури по изведувањето на пенали.

„Во минатото противниците ги полнеа гаќите и пред да излезат на теренот. Не забележав дека тоа се случи со фудбалерите на Рочдејл“.

Димитар Бербатов во периодот од 2008 до 2012 година го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top