Димитар Бербатов смета дека Оле Гунар Солскјер ги докажал своите тренерски квалитети на највисоко ниво, откако оваа сезона успеа да го претвори Манчестер јунајтед во далеку попостојан тим.
„Ѓаволите“ го обезбедија третото место во Премиер лигата и враќање во Лигата на шампионите по спориот старт на сезоната, откако имаа одлична пролетна сезона по доаѓањето на Бруно Фернандеш во тимот. Јунајтед победи во 9 од последните 14 меча во Премиер лигата за да ги поминат Челси и Лестер на табелата и заедно со Манчестер сити да имаат најголем број на освоени поени по враќањето од корона-паузата. Бербатов вели дека ова е доволно да се покажа квалитетот на тренерот.
„Среќен сум за сите во Јунајтед бидејќи ја остварија целта со пласман во Лигата на шампионите и целосно го заслужуваат тоа. Среќен сум за Оле и за тимот, бидејќи покажува дека се на вистински пат. Секогаш има луѓе кои се сомневаат, но на Оле му беше потребно време да се докаже.. Сега ќе биде уште потешко со Лигата на шампионите и со критиките кои ќе следуваат, но јасно е дека играчите му веруваат и тој го направи Јунајтед постојан тим, каков што не бил многу одамна. Сега исто така може и да се купуваат играчи, бидејќи сите сакаат да играат во ЛШ“, вели Бербатов.