Top Sport

Беренгер со еврогол, Торино на крајот подобар од Фросиноне (видео)

Торино стигна до својата трета победа во новата сезона во Серија А, откако се намачија за 3:2 триумф над аутсајдерот Фросиноне.

„Биковите“ поведоа во 20. минута преку Ринкон, а преку Басели на почетокот на второто полувреме дојдоа до 2:0 водство. Меѓутоа, гостите не се откажаа и преку Голданига и Чано за шест минути израмнија.

Човек на одлука беше Беренгер, кој во 71. минута постигна фантастичен гол за да ги „крене“ Торино на осмото место на табелата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top