Top Sport

Берисо на полувремето им открил на играчите дека има рак

Севилја на спектакуларен начин, со гол во последните моменти, избегна пораз од Ливерпул во претпоследното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Екипата од Андалузија по само половина час губеше 3:0 од гостите од Англија, но Гвидо Пизаро во третата минута од судиското надополнување на времето успеада да израмни на 3:3, со што ко комплетира одличното второт полувреме на својот тим.

Она што ја раздвижи Севилја во второто полувреме нема никава врска со фудбалот и е поважно од било каков фудбалски натпревар. На полувремето тренерто Едуардо Берисо на своите фудбалери им соопштил дека му бил дијагностициран рак на простатата.

Пизаро откако го постигна голот се стрча кон клупата во претгратка на својот тренер, а истото го направија и останатите играчи.

Се очекува во текот на денот челниците на клубот да излезат со официјални информации, а еден од најдобрите шпански фудбалски новинари Гиљем Балаге на Твитер упати зборови со поддршка за Берисо.

„Едуардо Берисо, тренерот на Севилја, боледува од рак на простатата. Неговиот најголем натпревар започнува сега“, напишал Гиљем.

За среќа болеста е откриена во раната фаза и според првичните прогнози се очекува Берисо целосно да биде излечен.

Севилја во последната рунда со победа во Марибор ќе избори пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top