Херта Берлин стигна до изненадувачка 3:2 победа на гостувањето кај минатогодишниот шампион РБ Лајпциг откако поголемиот дел од натпреварот го поминаа со играч помалку.
Дејви Зелке им донесе предност на гостите уште во петтата минута со фантастичен гол, но само две минути подоцна Херта остана со играч помалку по црвениот картон на Туранарига по брутален старт надвор од шестнаесетникот на гостите.
И со играч помалку, Херта успеа да зголеми на 2:0 благодарение на голот со глава на Калу во 31. минута, а во 51. минута, Зелке со уште еден голл ги налути домашните навивачи кои почнаа да си заминуваат од стадионот.
Лајпциг се „разбуди“ во финишот на мечот, откако прво намали преку Орбан во 68. минута, за Халштенберг во 93. минута да ги постави конечните 2:3.
Со поразот, Лајпциг останува на петтото место со 28 поени откако немаат победа во последните четири натпревари. Заостанувањето зад Баерн Минхен сега е фантастични 13 поени. Херта се на 10. место со 24 поени.