Италијанскиот третолигаш Монца потврди дека поранешниот италијански селектор и поранешен сопственик на Милан, Силвио Берлускони го комплетирал преземањето на клубот од Серија Ц.
Купувањето на клубот од страна на Берлускони доаѓа еден ден пред неговиот 82. роденден и по низа шпекулации. Во клубот му се приклучува неговиот долгогодишен соработник Адријано Галијани.
„’Фининвест СпА’ го комплетираше стоотстотното преземање на СС Монца 1912. На состанокот на акционерите се постави и нов борд на директори во состав: Никола Коломбо (претседател), Паоло Берлускони, Адријано Галијани, Роберто Мацо и Данило Пелегрино. Адријано Галијани е нов извршен директор на клубот“, се вели во соопштението на Монца.
Контроверзниот Берлускони беше сопственик на Милан дури 31 година, пред да го продаде клубот во 2017 година, а во тој период Галијани беше директор на клубот, предводејќи ги „росонерите“ до пет европски титули и осум титули од Серија А.
Фото: ЕПА