Top Sport

Берлускони забранил бради и тетоважи

Силвио Берлускони сака од фудбалскиот клуб Монца, кој однеодамна е во негова сопственост, да направи нов Милан.

Монца во моментов се натпреварува во Серија Ц, а главна цел на Берлускони и неговата „десна рака“, Адријано Галијани“ е клубот да стигне до Серија А.

За да ја остварат целта, Берлускони најави и посебни правила, што ги воведува во тимот.

„Ќе биде тоа млада екипа составена само од италијански играчи. Ќе мора да имаат пристијни фрузури, за тоа ќе се грижи еден локален фризер во Монца и тоа бесплатно. Нема да бидат дозволени тетоважи или бради. Ќе мора да бидат пример за фер-плеј на теренот, да се однесуваат госпдски кон притивниците и судиите“, рекол поранешниот италијански премиер.

Scroll to Top