Top Sport

Бернардески одбил трансфер во Барселона

Бепе Боцо, менаџерот на фудбалерот на Јувентус Федерико Бернардески, открил дека разговарал со претставници на Барселона, но дека неговиот клиент не сака да го напушти Јувентус.

Информацијата дека крилниот фудбалер би можел да го напушти Јувентус се појави во зимскиот преоден рок. Тогаш се шпекулираше дека Бернанрдески би можел да се пресели во Барселона во замена за Иван Ракитиќ.

„Вистина е дека имаше разговори со Барселона, но тие разговори беа размена на некои идеи. Федерико е лут на приказните дека ќе го напушти Јувентус, тој нема намера да замине“, рекол Боцо.

Бернардески (26) во Торино пристигна во 2017 година. Фиорентина од неговиот трансфер заработи 40 милиони евра.

Во меѓувреме одигра 94 натпревари за „старата дама“. Учинокот му е скромен девет гола и 12 асистенции. Бернардески има договор со Јувентус до 30 јуни 2022 година.

Scroll to Top