Top Sport

Бернардо Силва го постигна најубавиот гол во 2020 (видео)

Манчестер сити дојде до 1:0 водство против градскиот ривал Манчестер јунајтед на гости, откако португалскиот ас Бернардо Силва постигна фантастичен гол, дефинитивно најубавиот во новата година.

До полувремето, Сити имаше апсолутна доминација и предност од 3:0. Силва во 33. минута имаше убава асистенција до Ријад Марез за 2:0, а Андреас Переира во 39. минута си постигна автогол за најава за катастрофа на „ѓаволите“.

Дуелот на „Олд Трафорд“ всушност е првиот меч од полуфиналето на Карабао или лига-купот, кој се игра во два меча.



Scroll to Top