Пред дуелот на двата најлути ривали на Манчестер сити, Португалецот Бернардо Силва вели дека се надева дека Манчестер јунајтед ќе им направат услуга на своите „соседи“ и ќе ги победат Ливерпул.
Сити се израмнети со Ливерпул на врвот на табелата на Премиер лигата по 6:0 победата над Челси, но со натпревар помалку и не се враќаат во ПЛ до дуелот на 27 февруари против Вест хем. Ливерпул пак, по дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, на 24 февруари играат со Ливерпул.
„Секако дека би било добро Ливерпул да загубат некои поени. Но, засега, ние како што вели Пеп Гвардиола, треба да се фокусираме на нашата работа. Ако не ги победиме нашите натпревари не е важно што ќе направат тие“, вели Силва.
Фото: ЕПА