Ѕвездата на Манчестер сити, Бернардо Силва, праќал СМС пораки до официјалните лица на Барселона барајќи тие да го донесат на „Ноу Камп“ кога тие биле во Англија на крајот на 2021 година, тврди „Мундо депортиво“.
Барселона преговараше со Сити за трансферот на Феран Торес на крајот на годината, кога Португалеот им праќал пораки дека му е сон а игра на „Ноу Камп“, и официјалните лица сметале дек се работи за шега, но потоа сфатиле дека се работи за сериозна понуда. Според „Мундо“ агентот на Силва, Жорге Мендеш ја повторил можноста на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на спортскиот потпретседател, Рафа Јусте и директорот за фубал, Матеу Алемани.
Силва станал навивач на Барселона благодарение на поранешниот португалски репрезентативец, Деко, кој беше во тимот покрај сегашниот тренер Чави Ернандез во 2004 година. Можноста за договор ова лето зависи од многу фактори на „Ноу Камп“ бидејќи клубот е во финансиска криза и мора да се ослободи од повеќе фудбалери за да може да регистрира засилувања.