Top Sport

Бернардо Силва нема да освои „Златна топка“ бидејќи не е ѕвезда на социјалните мрежи

Пеп Гвардиола вели дека не знае дали Бернардо Силва е најдобриот фудбалер на денешницата, но додава дека тој никогаш нема да освои „Златна топка“ бидејќи не е ѕвезда на социјалните мрежи.

Неодамна, бразилската фудбалска легенда Зе Роберто го посочи Португалецот како најдобар фудбалер на денешницата и Пеп имаше свој коментар.

„Тоа доаѓа од Зе Роберто, кој ми беше еден од омилените фудбалери кога бев во Германија. Не знам дали Бернардо е најдобриот на денешницата и не ми е грижа. Јас гледам само неверојатно добар човек со кого е задоволство да се работи. Тој може да игра во напад, во одбрана, на шест позиции, каде што ќе посакате. Но, никогаш нема да освои ‘Златна топка’ бидејќи за тоа треба да си на социјалните мрежи, не треба само да победуваш туку да даваш и многу голови, а Бернардо е е таков играч. Ако еден ден се случи тоа ќе бидам среќен за него, но засега сум задоволен со искуството кое го имам со него“, вели Гвардиола.

Scroll to Top