Јужна Африка го чека одговорот од ФИФА, по жалбата која ја поднесоа во врска со судењето на натпреварот со Гана. Јужна Африка гостуваше во Гана, во клучниот квалификациски меч за пласман во баражот за Светското првенство. Гана, победи со 1:0, со гол од контроверзен пенал, го освои првото место во групата и се пласираше во баражот. Од Африка, место на Светското првенство ќе изборат пет репрезентации.
„Многу сме лути, многу сме вознемирени. Ќе се бориме. Веднаш по завршувањето на натпреварот ја известивме ФИФА дека не го прифаќаме овој резултат. Бараме натпреварот да биде поништен и да се одигра нов“, рекол првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка, Дени Џордан и дополнил.
„Сметаме дека натпреварот е наместен. Казната за таков престап е пет одини затвор за виновниците. Детално го анализиравме натпреварот. Утврдивме дека 89 отсто од одлуките беа на шетета на Јужна Африка. Тоа не може да биде случајно. Ова не прва афера со овој судија. Истиот судија, поради слична ситуација беше нападнат во Тунис“.
Еден поранешен судија од Јужна Африка, во анализата на натпреварот, утврдил дека на штета на Бафана Бафана била донесена 71 одлука.