Top Sport

Бешикташ исфрлен од Купот на Турција за наредната сезона

Фудбалскиот клуб Бешикташ се соочува со сериозни последици бидејќи неговите фудбалери не се појавија да го доиграат полу-финалниот реванш во Купот на Турција против Фенербахче.

Првиот натпревар во полу-финалето на Купот заврши со резултат 2.2, а во реваншот на стадионот на Фенербехче беше прекина во 57.минута, откако гостинскиот тренер беше погоден со тврд предмет во главата.

Фудбалскиот сојуз на Турција потоа одлучи натпреварот да се доигра, меѓутоа од Бешикташ решија играчите да не појават на стадионот на Фенербахче. Бешикташ се жалеше на оваа одлука, а жалбата му беше одбиена.

Последиците по Бешикташ ќе бидат сериозни, клубот наредната година нема да може да се натпреварува во Купот на Турција, а во исто време клубот, на Фудбалскиот сојуз на Турција, ќе мора да му врати околу700.000 евра, колку што заработил од натпреварите во Купот.

Натпреварот е регистриран со службен резултат 3:0 за Фенербахче.

Scroll to Top