Top Sport

Бешикташ останува опција Гринвуд: Турските фанови ќе те прифатат

Турскиот гигант Бешикташ е подготвен да му даде втора шанса на контроверзниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, порачувајќи му дека ќе биде прифатен од навивачите.

21-годишниот Гринвуд првично беше обвинет за обид за силување и насилничко однесување и иако овие обвиненија беа повлечени, Манчестер јунајтед потврди дека тој нема да ја продолжи кариерата од клубот. Гринвуд има договор до 2025 година, така што најверојатно ќе биде пратен на позајмица, и според „Индепенден“, Бешикташ е еден од ретките клубови кои се подготвени да го прифатат.

„Сите видоа што се кажа за него во Велика Британија, но луѓето во Турција ќе го прифатат. Знаеме дека ќе дојдат англиски новинари ои ќе го следат, но опцијата за позајмица е совршена, бидејќи Бешикташ може бргу да се откаже ако има проблеми. Но, ако дојде во Истанбул и почне да дав голови, нема да има свирежи“, вели извор од турскиот клуб за весникот.

Scroll to Top