Top Sport

Бешикташ потврди – нема да го доиграат мечот со Фенер!

Бешикташ нема да се појави на продолжувањето на мечот од полуфиналето на Турскиот куп против Фенербахче, кој беше прекинат минатата недела по проблемите со публиката откако тренерот на Бешикташ, Сенол Ѓунеш беше погоден со објект од публиката.

Мечот меѓу лутите ривали беше прекинат по 57 минути игра, откако прво Пепе доби црвен картон, а потоа почнаа проблемите со публиката, кулминирајќи со нападот на Ѓунеш. Турската федерација одлучи мечот да продолжи на 3 мај без публика, и да се доиграат последните 32 минути, но Бешикташ вели дека ова не е одлука која ја посакувале.

„Ние сме на фудбалските терени 115 години, во кои победувавме, игравме нерешено или губевме. За да не прифатиме да бидеме лузери, нема да бидеме на теренот на 3 мај“, се вели на веб-сајтот на Бешикташ.

Резултатот на мечот беше 0:0, откако првиот меч заврши со 2:2.

Фото: ЕПА

Хаос во Истанбул, Ѓунеш погоден, дербито Фенер-Бешикташ прекинато (видео)

Scroll to Top