Top Sport

Бешикташ сакаат да си го вратат Вегхорст

Бешикташ сакаат да си го вратат холандскиот напаѓач Вут Вегхорст во текот на летниот преоден рок, откако тој во јануари се пресели во Манчестер јунајтед, тврдибританскиот „Сан“.

Вегхорст беше донесен на позајмица во јануари од Барнли, откако имаше позитивна половина сезона со Бешикташ (каде што беше на позајмица) и постигна 9 гола во 18 меча. Под Ерик Тен Хаг тој беше стартер во 19 меча во низа, пред да биде повремено во игра во последните неколку меча. За „ѓаволите“ тој има два гола во 21 настап и нема гол во 10 мечеви во Премиерлигата и не се очекува клубот да го заддржи по крајот на сезоната.

Вегхорст има уште две години од договорот со Барнли, каде што пристигна во јануари 2022 од Волфсбург за 12.5 милиони фунти, но ниту тимот на Винсен Компани не планира да го врати во игра, така што враќање во Истанбул е многу поверојатно.

Scroll to Top