Бешикташ се врати за 1:1 реми со Порто со што обезбеди место меѓу најдобрите 16 тима од Лигата на шампионите.
Дефанзивецот на Порто, Фелипе ги шокираше гласните домашни фанови кога постигна гол по 30 минути игра, но неговиот бразилски сонародник Талиска израмни пред полувремето кога Ченк Тосун му ја „крена“ топката и тој избега на тројца дефанзивци за лесен гол.
Рајан Бабел претходно беше најблиску до гол за Бешикташ, но Жосе Са имаше одлична одбрана. Бабел потоа ја удри пречката во второто полувреме.
Бешикташ, кој победи со 3:1 во Португалија во септември, со еден поен избива на четири поени пред Порто на само еден натпревар пред крајот. За второто место покрај Порто ќе се борат Монако и Лајпциг.