Top Sport

Бесплатно туширање на новиот стадион (Видео)

Синоќа во Тирана е отворен најмодерниот стадион во овој дел од Европа. Првиот меч на „Ер Албанија“ стадионот го одиграа домашната селекција и Франција.

Во рамките на Х-групата Франција победи 2:0, а ќе остане запишано дека првиот гол на новиот стадион го постигнал Корентан Толисо. Играчот на Баерн Минхен погоди во деветтата минута. Конечниот резултат го постави Антоан Гризман во 30 минута.

Она што ќе се памети покрај француската победа е и киксот штом се случи на организаторите пред почетокот на мечот.

Две прскалки биле свртени во погрешна насока, така што гледачите на една од трибината буквално добиле бесплатно туширање.

Инаку стадионот „Ер Албанија“ има капацитет од 22.500 места, а за неговата изградба биле потрошени 60 милиони евра.

Scroll to Top