Top Sport

Бенатија за Роналдо: Си помислив дека не е нормален

Поранешниот фудбалер на Јувентус Мехди Бенатија раскажал анегдота која најдобро ја отсликува посветеноста што Кристијано Роналдо ја има кон фудбалот.

Бенатија во моментов е играч на Ал Духаил од Катар. Тој бил играч на Јувентус кога Португалецот пристигнал во клубот.

„Гостувавме кај Аталанта, двајцата не игравме бидејќи три дена подоцна имавме нов натпревар.

Кога се враќавме во Торино тој ме праша: Што ќе правиш кога ќе се вратиме?

Му кажав: Па 11 е часот, ќе си одам дома.

Тој тогаш ме праша: Бидејќи не играв, морам да тренирам, сакаш да ми правиш друштво?

Морав да му објаснам дека само сакам да си одам дома и а седнам пред телевизорот.

Кога се вративме сите бевме облечени нормално, само тој беше во тренерка, ги стави слушалките и замина во вежбалница.

Си помислив: Овој не е нормален“, раскажал Бенатија.

Scroll to Top